Од стан во Скопје украдени златен накит и часовници


Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во станот на Л.Ј.(62) од Скопје при што одзел поголема количина златен накит, два рачни женски часовници Касио и неколку комплети женски накит Сваровски, по што го напуштил местото на настанот.

МВР информира дека сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 947.500 денари. Тој со употреба на подесен алат ја отворил влезната врата и влегол во станот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.