Од сигнално правеле огнено оружје , уапсени деветмина


Во координирана полициска акција денеска, уапсени се деветмина, седум од Скопје по еден од Тетово и од Куманово, кои купувале сигнални пиштоли и ги претворале во огнено оружје кое го продавале за 250 до 400 евра, соопшти полицијата.
Во неколку различни случаи документирани се продажби на вкупно десет пиштоли. При реализацијата во понеделникот,, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.
Од досега преземените оперативно – тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување вкупно пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.
Ф. А. и А. Б.  подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.
По конвертирањето на оружјето, наоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.