Од понеделник долговите за вода можат да се платат на рати


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 2 април до 15 мај, корисниците на услугите кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат долгот на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот. Неодамна, директорот Душко Весковски за „Независен весник“ ги појасни условите за плаќањето.

„Новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје“, велат од „Водовод“.