Од денес субвенционирање на велосипедите


Општина Центар Скопје од денеска започнува со  спроведување на  акцијата “Цел Центар на точак”. Општината ќе субвенционира 30 отсто од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед започнувајки од втори мај, потребно е да ги достави следниве документи: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар-Скопје.Правото на субвенција е еднократно, а акцијата ќе трае се до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје.