Одрисола: Роналдо е минато за Реал Мадрид


Фудбалерот на Реал Мадрид, Алваро Одриосола беше предизвикан да ги прокоментира критиките кои Кристијано Роналдо ги упати на адреса на „кралскиот клуб“ последниве денови.

 Одриосола изјави дека Кристијано е една легенда, кон која тој чувствува респект, но и дека Португалецот е „минато за „Сантијаго Бернабеу“.
– Она што можам да го кажам, од моето искуство во Реал Мадрид, е дека ние сме како семејство. Бев изненаден од начинот на кој ме пречекаа соиграчите. Изненаден сум од духот на тимот и нашата секојдневна работа. Мислам дека работите при водство на Солари се многу добри. Имаме поголема доверба поради добрите резултати што ги постигнуваме, изјави Одриосола.