Одредени двојките и за Лигата на Европа: Наполи – Арсенал е дербито на четвртфиналето


Ждрепката во Нион ги донесе четвртфиналните двојки и во Лигата на Европа, второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Најинтересен двомеч во оваа фаза од Лигата на Европа дефинитивно ќе биде пресметката меѓу Наполи и Арсенал, а внимание ќе привлече и шпанската пресметка меѓу Виљареал и Валенсија. Германски Ајнтрахт Франкфурт ќе се соочи со екипата на Бенфика, а екипата на Славија Прага, која успеа да го елиминира актуелниот првак во ова натпреварување Севиља, ќе се соочи со тимот на Челзи.

Првите мечеви се играат на 11 април, а реваншот е закажан за седум дена подоцна.

Двојки од четвртфиналето во Лигата на Европа:

Наполи – Арсенал
Виљареал – Валенсија
Бенфика – Ајнтрахт
Славија Прага – Челзи.