Одземена лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од „Трансверзалец“


Федерацијата на планински спортови му ја одзема лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од „Трансверзалец“ и забрани организирање планински тури на планини повисоки од 2.000 метри до 21 март.

Lиценцата на Костадиновски му се одзема „поради мали технички пропусти во организирање на турата, а повеќе од морални причини“.

Костадиновски водеше група планинари на Кајмакчалан дента кога се случи несреќата во која загинаа Калина и Александар.

 

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај од командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан, каде минатиот викенд загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Извештајот прочитајте го ТУКА.