Одземена дозволата за работа на телевизијата Сител 3


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска и ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на телевизијата Сител 3.

Одлуката е донесена поради неплатен годишен надоместок за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

Годишниот надоместок кој Сител 3 не го платила изнесува 3.456.869 денари денари.

Одлуката е конечна и Сител 3 има рок од 30 дена да поднесе жалба.

Радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје, е имател на дозвола за телевизиско емитување од 5 јануари 2015 година, за емитување преку сателит, на државно ниво, на територија на Република Македонија, телевизиски програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик.