Одбраната на Груевски бара изземање на Катица Јанева


Продолжуваат игрите без граници во апелацискиот суд каде никако да почне расправата за првостепената пресуда во случајот „Тенк“.

Четворицата адвокати на обвинетиот Никола Груевски и адвокатот на сообвинетиот Ѓоко Поповски утрово побараа изземање на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во мометов, Апелацискиот суд размислува што да прави со ваквото барање, бидејќи не постои можност да се бара изземање на јавен обвинител или специјален јавен обвинител.

Праксата покажува дека вообичаено се бара изземање на судии и обвинители од конкретни предмети.

Како што беше најавено, ниту адвокатите ниту Груевски не се присутни на седницата во Апелација.

Пред судот е забележително поголемо присуство на полиција. Протести нема, иако беа најавени.

Г.А.