Одбележување на 3 Мај – Меѓународен ден на слободата на печатот


3 Мај – Меѓународниот ден на слободата на печатот ќе биде одбележан денеска од Здружението на новинарите на Македонија, Министерството за комуникации, отчетност и транспарентност, Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на САД.

На настанот ќе се обратат претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, вршител на должност и шеф на одделот за политички прашања, информации и комуникации на Делегација на Европската Унија, Лукаш Холуб и шефот на политичко-економската канцеларија при Амбасадата на САД, Дејвид Стефенсон.

Настанот се организира во рамките на проектот „Мрежа на новинарите за слобода на медиумите во Македонија”, финансиран од ЕУ.