Ограбено возило пред Клиниката за онкологија, одземени 6.000 евра


Во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, вчера околу 02.30 часот непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки.

Сторителот го отворил возилото и одзел два куфери, 6.000 евра и патна исправа на име А.Б.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.