Ограбена аптека во Чаир


Непознато лице синоќа украло околу 4.000 денари од аптека на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Скопје.

Според полицијата, грабежот се случил околу 20 часот откако разбојникот вооружен со пиштол, и се заканил на вработената и од касата ги одзел парите.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.