ОБСЕ: Можни се воени судири во Европа


Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер предупреди на опасноста од воени судири во Европа поради зачестените инциденти и погранични воени вежби.

– Постојат одредени ситуации кои би можеле да бидат опасни. Имаме се повеќе маневри и распоредување на воени сили покрај границите, изјави Гремингер во интервју за австриската новинска агенција АПА. Гремингер алудираше на распоредувањето на руски и НАТО сили во пограничниот сектор меѓу балтичките држави и Русија.

Според Гремингер, има апсолутно отсуство на доверба меѓу водечките држави во ОБСЕ, каде членуваат и Русија и САД и водечките западно-европски држави.