Обвинителството отвора истрага за Кајмакчалан
Македонското Обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари што загинаа на Кајмакчалан, дознава „Макфакс“. Според извори од Обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства.
Од Обвинителстовото засега не откриваат кој сè ќе биде сослушан во врска со трагедијата што се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.
„Сè зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство. Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработуваат со македонската полиција за расветлување на причините за трагедијата.