Град Скопје му ја поскапе десеткратно водата на Минчо Јорданов


Советниците на Град Скопје денес донесоа одлука за поскапување на водата за компанијата „Рудници и железарници“ на Минчо Јорданов. Како вонредна точка на дневен ред оваа предлог одлука се најде денес пред советниците.

Тоа значи дека „Рудници и железарници“ досега плаќале два ипол денеари за метар кубен вода, а по одлуката ќе плаќаат четири пати повеќе годинава, а речиси десет пати повеќе до 2020 година.Имено, компанијата со години добивала повластена цена на вода, многу помала од цената што ја плаќаат другите правни субјекти – 46,63 денари за кубен метар.

„Во 1970 година склучен е договор по основ на кој РЖ Услуги плаќаат само 2,5 денари без пресметан ДДВ за користење на питката вода. Фирмите користат 27 отсто од питката вода за ладење на нивните печки. Вакво нешто не е дозволиво. Најдобро решение ќе биде ако најдат техничка вода за нивните потреби. Предлагам скалесто зголемување односно оваа година цената да се зголеми на 11,65 денари за кубен метар, во 2019 на 22,75 денари, во 2020 на 34,20 денари и во 2021 на 46,63 денари за кубен метар. Со тоа во 2021 цената ќе се изедначи со онаа која ја плаќаат другите правни субјекти“, рече градоначалникот Петре Шилегов.