НСДП го закажа четвртиот Конгрес на 13 мај


Четвртиот Редовен Конгрес на НСДП ќе се одржи на 13 мај. Вака реши Централниот одбор на партијата на денешната седница во Скопје. Во насока на спроведување на потребните организациони подготовки беше формирано и работно тело задолжено за спроведување на сите подготвителни активности за неговото одржување.

Централниот одбор донесе и одлука за утврдување на бројот на делегати кои ќе учествуваат на Конгресот на партијата и нивниот број изнесува 500.

Дополнително се утврдија и постапките и критериумите за избор на делегати, се усвои правилник за регулирање на постапката, начинот и критериумите за кандидирање за Претседател на партијата, членовите на Централниот одбор и Надзорниот одбор кои ќе треба да бидат избрани на Конгресот.