Нормализиран сообраќајот на патот Струга-Ќафасан


Сообраќајот на патниот правец Струга-Ќафасан од 19:10 часот е нормализиран, информира АМСМ.

Претходно АМСМ соопшти дека поради случена сообраќајна незгода сообраќајот на овој патен правец од 17:40 часот беше во прекин во двата правца.