Нов хит на Баленсиага: Гумени салонки


Франција– Сѐ почна со удобните гумени сандали за на плажа, па на платформа, а сега гумените салонки на „Баленсиага“ во соработка со „ Crocs“се летен но и скап хит. Модната куќа ги промовираше на Модната недела на висока мода во Париз и се дело на креативниот директор Демна Гвасалиа од Грузија, кој претходно има работено во луксузните брендови „Мезон марџела“ и во „Луј Витон“.

Гумените салонки се со цена над 800 долари.