Нов слаб настап на македонските пливачи на ЕП во Копенхаген


Македонските пливачи кои настапуваат на Европското првенство во кратки базени во Копенхаген, Данска, имаа уште еден слаб настап. Претпладнето во квалификациите се појавија Љупчо Ангеловски и Миа Крстевска.

Ангеловски во дисциплината 50 метри слободно го освои петтото место во првата група со време 23.62 секунди и го зазема 75 место во конкуренција на 79 пливачи.

Миа Крстевска во квалификациите на 200 метри грбо исплива 2:20.82 минути и е последнорангирана (28 место) во оваа дисциплина.

Утре во квалификациите од нашите пливачи ќе настапат: Љупчо Ангеловски (50 метри пеперутка), Миа Крстевска (50 метри грбно) и Ана Јаневска (100 метри пеперутка).