Нов скандал во Холивуд: „Вог“ ја прекина соработката со фотографот Марио Тестино


САД-  „Вог“ после години успешна соработка со славниот фотограф Марио Тестино, повеќе нема да соработува со него, поради сексуално искористување на машките модели и асистенти.  Во објавениот напис во „Њујорк Тајмс“  пишува дека во 90-те години Тестино злоставувал дури 13 машки модели. По текстот се огласија модните агенти кои тврдат дека е позната работа во модниот свет за тоа дека Тестино ги „пипкал“ машките модели кои обожавал да ги слика голи во хотелски соби, ветувајќи им блескава кариера.

Асистентот на Тестино пак, Хуго Тилман, сведочи дека славниот фотограф на повеќе наврати сакал да го бакне, а еднаш легнал врз него и му ги држел рацете за да не може да мрдне. Од непријатната ситуација бил спасен од братот на Тестино кој неочекувано влегол во собата.

Иако гласините и тврдењата од соработниците на Тестино допрва се очекува да земат залет, сите обвинувања ќе мора да бидат докажани на суд. Во меѓувреме, главната уредничка на Вог, Ана Винтур, изјави дека ја прекинува соработката со скандалозниот фотограф.