Нов рекорд на биткоинот: Првпат ја надмина границата од 12.000 долари


Биткоинот денеска првпат го надмина нивото од 12 илјади долари продолжувајќи го драстичниот овогодинешен раст.

За биткоинот од неодамна се заинтересираа и Волстрит и останатите етаблирани пазри, кои се подготвуваат да го стават на понудата и термински договори во најпознатата дигитална валута.

Аналитичарите наведуваат дека токму тој интерес, ја зголеми вредноста на биткоинот над 12 илјади долари.

Во азиската трговија, контроверзната криптовалута забележа нов рекорд од 12.590 долари, за потоа да се стабилизира на 12.567 долари. Кон средината на јануари, вредноста на биткоинот изнесуваше само 752 долари, а во ноември започна вртоглавиот раст на оваа криптовалута.