Нов лек за пациентите со хронична миелоидна леукемија


Пациентите со хроничната миелоидна леукемија првпат добија можност за лекување со нов специфичен, посупериорен лек, второ-генерацискиот препарат Нилотиниб, соопштија од Универзитетската клиника за Хематологија.

Со овој препарат, како што се наведува, е обезбеден поефикасен третман за болните со ХМЛ, особено за оние кои немаат задоволителен тераписки одговор на прволиниската терапија со препаратот „Иматиниб“.

-На Клиниката за хематологија во моментот се лекуваат 120 пациенти со ХМЛ, а годишно се дијагностицираат во просек 14 нови пациенти. Од септември 2011 година, прволиниска терапија за сите пациенти со ова заболување е лекот „Иматиниб“, кога современата терапијата за ХМЛ стана достапна и за нашите пациенти. Достапноста на второ-генерацискиот препарат „Нилотиниб“, за пациентите со ХМЛ ќе обезбеди поефикасен третман за оние пациенти со ХМЛ кои немаат задоволителен тераписки одговор на препарат „Иматиниб“. Терапијата за почеток е достапна за 20 болни – соопштија од Клиниката.