Новиот Форд Фокус – автомобил на годината во Македонија
Комплетно новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска.
Исто така, Focus е еден од седумте автомобили на кратката листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март.
Стручно жири, по 24-ти пат, ги вреднуваше, тестираше и бодираше автомобилите според различни критериуми и притоа, едногласно одлучи Focus да ја добие титулата Автомобил на годината 2019.