Новинарот Наум Стоилковски нов портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Двајца нови портаполи се назначени на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Долгогодишниот новинар Наум Стоилковски и Димче Арсовски ќе ја преземат одговорноста за односи со јавноста на најголемата опозициска политичка партија.

Иво Котевски останува директор на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа на 2 мај беа разгледани повеќе каровски прашања. Освен портпароли, на седницата се донесени одлуки за избор на претседатели на повеќе општински комитети:

Иван Јорданов – Штип, Мирче Аџиоски – Струга, Бошко Цветковски – Лозово, Коста Маневски – Зелениково, Анри Андоноски – Крива Паланка, Ѓорѓи Граматиков – Дојран, Митко Костадиновски – Виница, Никола Атанасов – Берово, Јован Тозиевски – Ресен, Миле Лефков – Кочани, Ненад Јовчевски – Тетово, Дарко Костовски – Бутел, Сашо Донев – Охрид, Иванчо Тошевски – Битола.