Нова снимка од пожарите во Атина: Луѓето бараат спас во морето


Во пожарите во Грција повеќе од 90 лица ги загубија своите животи, а бидејќи сѐ уште голем број се водат како исчезнати, бројот на жртвите би можел да биде уште поголем.

Токму за големината на катастрофата што ја погоди Атина сведочи снимката што се појави во медиумите, која ги покажува очајничките обиди на луѓето пробувајќи да се спасат од пожарите во морето.

Официјалната бројка е дека загинати 91 лице.

На снимката која се појави во медиумите прикажани се десетина жители на Мати, на истокот на Атина, каде што се наоѓал епицентарот на пожарот.

На видеото може да се види како жителите на тоа место, кои успеале да дојдат до морето, носат ткаенина преку лицето бидејќи чадот над нив е неверојатно густ.