Нова модна револуција: Џеј Ло во безвременски сандали


Австралија- Поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез прва ги облече безвременските сандали на двоецот Џузепе Заноти и Кристијан Кован за првата заедничка реклама со свршеникот Алекс Родригез за австралискиот бренд за очила за сонце „Квај“.

Луксузните сандали се уникатни, место ремчиња се украсени со часовници.

Дел се од капсулната пролетна колекција на Заноти и можат да се купат во продавниците на британскиот дизајнер во Лондон, Париз и во Њујорк.