Нова колекција на свечени тоалети : Кокев се сели во ново ателје


Дизајнерката Тања Кокев се сели во ново отмено ателје на плоштад „Македонија“ во Ристиќева палата. Во понеделник (3 декември) ќе се случи мал приватен коктел, после кој ателјето официјално почнува со работа. Воедно Кокев ќе ја претстави и најновата колекција на свечени тоалети. Во оваа колекција преовладуваат рачно везени бисери и цветни детали. Силуетите, како и секогаш се женствени. Сите девојки кои се идни невести или гостинки на свадби се покануваат да го посетат салонот, каде што од идната недела ги очекуваат попусти по повод новата локација.

Кокев веќе 12 години е препознатлива по свечените тоалети и венчаници. Прва е меѓу македонските креатори што лансираше парфем со дизајнерски потпис со актерката Јелена Јованова како заштитно лице. Промовираше ремени и чевли, со потпис на брендот, како и чанти и џемпери, луксузна секојдневна облека и машка облека.

За ревиите на Тања  секогаш се бара покана повеќе. Префинета и тенка како манекенка, Кокев со своите енергичност и визија продолжува да ја раскажува македонската модна приказна. (Л.С.)

Фото: Ани и Дими