Нова Демократија нема да поднесе предлог за недоверба на владата на Алексис Ципрас


Главната грчка опозициска партија Нова Демократија нема да поднесе предлог за недоверба на владата на Алексис Ципрас околу Преспанскиот договор. Според информациите на “Катимерини”, лидерот на таа партија, Киријакос Мицотакис, го отфрлил овој предлог на неговите соработници.

Според истите информации, лидерот на Нова Демократија смета дека исходот од таквото гласање во секој случај нема да даде позитивен резултат, по гласањето за доверба што го доби владата на Алексис Ципрас минатата недела.