НЛБ банка од осигурителните компании наплати 80 отсто од кражбата лани


Минатиот месец НЛБ Банка од осигурителната компанија наплати 80 отсто од штетата направена со кражбата во април 2017 година.

-Другиот дел од штетата во износ од над 35 милиони денари банката го евидентираше како трошок во билансот на успехот заклучно со 31.12.2017 година на позицијата останати расходи од дејноста, соопштија од банката.

Лани во април вработен во банката и уште неколку вработени украдоа околу три милиони евра од банкарскиот трезор. Тие беа обвинети и осудени на вкупна казна од 20 години затвор, но парите никогаш не ги вратија.