Нимиц: Референдумот е многу важен, ваша одговорност e да гласате


Вие сте вистинска демократија и e привилегија, но и ваша одговорност да гласате. Ова е многу важен референдум и јас имам голема верба во вашите граѓани и се надевам дека ќе ја сфатат сериозно својата одговорност, порача медијаторот Метју Нимиц.

– Уште од 18 годишна возраст јас гласам на секои избори. Мислам дека е привилегија да се гласа, но исто така и одговорност е да се гласа во демократија. Вашата држава е демократија, вели Нимиц, во порака до граѓаните на Македонија пред референдумот објавена од Гласот на Америка на Македонски јазик.

Порано, посочи тој, во Југославија за се решаваше Белград, па зошто би гласале, а пред тоа во Отоманската империја за се се решавало во Цариград.