Нико Ковач го сака Дибала во Баерн


Германски Баерн, кој од следната сезона ќе биде предводен од хрватскиот експерт Нико Ковач, подготвува понуда за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Според италијанскиот печат, Баерн на „Старата дама“ е подготвен да и плати 100 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Дибала постигна 25 гола во 38 настапи оваа сезона, но неговите игри не беа на очекувано ниво и често беа цел на критика. Голем интерес за неговите услуги покажуваат и Реал Мадрид и Барселона, но се чини дека е најблиску до Минхен, каде Ковач полека ги средува работите за новата сезона.

Аргентинец пристигна во Јувентус во јуни 2015 година од Палермо за 32 милиони евра.

Од друга страна, се поверојатно е напаѓачот на баварците Роберт Левандовски да го напушти Баерн ова лето. Левандовски веќе се поврзува со Реал Мадрид, иако Челзи и Манчестер Јунајтед исто така се подготвени да се борат за неговите услуги.

Напаѓачот е под договор со Баерн до 2021 година. Левандовски пристигна на „Алијанц арена“ во 2014 година од Борусија Дортмунд, а во 124 настапи постигна 105 гола.