Никој не знае подобро да се облече за свечени настани од Кејт Мидлтон
Англија– Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлто (35) и нејзиниот сопруг принцот Вилијам како секоја година, се појавија на годинешната парада за „Св. Патрик“ во Хоунслоу, западен Лондон, каде го посетија првиот Баталјон Ирски Чувари, каде Вилијам е полковник.
Мидлтон, како и секогаш изгледаше шик во зелено „Кетрин Вокер“ палто, кое и одговараше со шапката – креација на Џина Фостер „Мерибел“, црни ракавици и црни кадифени потпетици. Темнокосата убавица, која следниот месец ќе го добие третото дете со принцот Вилијам, им подаваше китки детелина на офицерите и назначените офицери и се запозна нивната маскота, Ирецот Волфхаунд Домнеил.
Двојката потоа помина на славеничка чаша „Гинис“, но Мидлтон сепак се одлучи за вода.
Извори неодамна открија дека Мидлтон споделува модни совети со нејзината јатрва, Меган Маркл, додека траат подготвките за венчавката со принцот Хари на 19-ти мај.
„Обете Кејт и Камила прават сѐ што е во нивна моќ да ѝ покажат на Меган дека е сакана и поддржана додека таа чекори по животот како кралска личност,“ вели изворот, објаснувајќи дека постанувањето член на кралското семејство може да биде изолирачко.
„Таа е прифатена од кралското семејство. Таа исто така истражува различни добротворни цели во кои би можела да се инволвира откако ќе се омажи.“