Никол Кидман се позлати на „Кантри- оскарите “ во Лас Вегас


САД- Кантри ѕвездата Кит Урбан синоќа освои награда само во една категорија на доделувањето на „Кантри-оскарите“ во Лас Вегас, ама дома златото го донесе неговата сопруга, оскаровката Никол Кидман која блесна во златна тоалета на Мајкл Корс на црвениот ќилим во Гранд Гарден арената.

Кидман и сега го откри грбот, како адут, наспрема километарските нозе. И на 50 години, славната актерка ја одржува ставата во топ-форма и е прогласена за модна икона во светот на филмот.