Никол Кидман: Жените во Холивуд се среќни што можат да стареат како мажите


САД-Не знам за вас, но со нетрпение се чека втората сезона на „Големи мали лаги“. Прво, сите сите актери од првата сезона се враќаат, вклучувајќи ги и Рис Витерспун, Никол Кидман, Зои Кравиц, Лора Дерн и Шајлин Вудли. Плус, сите сега знаеме дека Медлин (Рис Витерспун) ќе фрли сладолед врз Мерил Стрип. Навистина, како би можеа да ни дадат таква информација и да нѐ тераат уште да чекаме?
Но, не се само брилијантните реплики на Медлин („Ги сакам моите гневови, си ги негувам како мали миленичиња”) или длабокото отсликување на Кидман на жртва на домашно насилство што го прави шоуто толку привлечно. Како што рече оскаровката Кидман (51)  кога ја зеде САГ наградата (нејзината прва САГ награда, на возраст од 50 години) за нејзината изведба, „Големи мали лаги“ докажува дека постои апетит за раскажување приказни за жени постари од 40 години.

„Пред дваесет години, бевме прилично уплашени од оваа фаза во нашите животи“, рече таа. „Сега веќе не е така, докажавме, а и многу други докажуваат, дека сме енергични, моќни и способни”.
Како мислите како се менува начинот на кој зборуваме за убавината?

-Мислам дека споделуваме многу повеќе. Не е веќе тајно , на пример „Излегувам од куќата и изгледам вака  (комплетно средена)”, како во педесеттите или шеесеттите години. Сега е повеќе „Што користите? Што е најново? Ве молам кажете ми!” и секој споделува, што е навистина корисно за жените. Мислам дека тоа го менува начинот на кој гледаме едни со други. Сега сме среќни што можеме да старееме – а сепак да старееме навистина добро – но сите треба да бидат многу отворени за тоа.

Во врска со стареењето, какво е вашето мислење за терминот „анти-стареење“?

– Како што старееме, сепак можеме да изгледаме добро, да бидеме здрави и енергични и привлечни. Мислам дека тоа е она што секое човечко суштество го сака. Никој не сака да изгледа како некој да го исцицал животот од тебе. Јас само велам дека станува збор за грациозно стареење – затоа што може да биде забавно!

Какво влијание има движењето врз Холивуд за прифаќање на стареењето?

-Јас сум во позиција на актерка каде што ги сакам замаглените линии, затоа што ќе морам да играм помлада, да играм постара и да играм улога на моја возраст. Мажите секогаш мора да го сторат тоа, и ние сега сме во позиција каде што се обидуваме да го изградиме тој пат и за жените. Сѐ уште е тешко да ги убедиме кастинг агентите и продуцентите да ни дозволат да го сториме тоа, но сега е многу полесно од пред тоа. Мислам дека и други жени викаат „Не, сакам да видам жени со кои можам да се поврзам, со кои сум пораснала, а не само да бидам занемарена. Сакам да ги видам како постигнуваат успеси и одат само напред”.

Во врска со мене, јас работев уште од мои 14 години, па имам луда, интимна врска со обожавателите, во смисла дека тие го следеле мојот живот, ги виделе моите падови, ги виделе моите подеми – ме виделе како поминувам низ толку многу и дека сѐ уште сум тука. Тоа е навистина возбудливо. И кога излезе „Големи мали лаги“, поддршката од другите жени беше навистина прекрасна. Актерките на моја возраст не исчезнуваат туку-така, ние всушност имаме можности да преземаме ризици. Тоа прави да се чувствувам многу благодарно, вели Кидман.