Николчевиќ прв Србин кој ќе се натпреварува за Косово
Драган Николчевиќ се смета за прв косовски Србин кој ќе биде дел од една репрезентација на Република Косово.
Николчевиќ ќе учествува на големата велосипедска трка „Тур оф Албаниа“, чие 75-то издание годинава ќе се одржи од 19 до 22 мај.
Покрај Николчевиќ, косовска експедиција ја сочинуваат Рахим Мани, Самир Хасани, Егзон Мисини и Гентрит Хајдари.
„Тур оф Албаниа“ е рејтингувана во Светскиот велосипедски календар во категоријата 2,2 што на учесниците им дава можност да освојуваат светски и олимписки поени.