Николовски не прецизира дали ќе се укинат маркичките за брашното


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека очекува до 30 јуни да се најде трајно решение за маркичките за брашното, но не прецизира дали тие ќе се укинат.

Според Николовски, маркичките непотребно постојат и само ги оптоваруваат увозниците и домашните производители.

Во врска со заканата на мелничарите дека нема да откупуваат пченица ако не се врати Правилникот, министерот напомена дека тоа се истите оние што најпрво барале маркички, а потоа иницирале нивно укинување.

– Продолжуваме преку средби со мелничарите да ги решаваме сите прашања и проблеми не очекувам, потенцира Николовски.

Тој потсети дека изминативе неколку недели контролите на брашното се значително зајакнати, а веќе се изречени и парични казни, како и прекршочни пријави зашто е пуштено брашно во промет без да се почекаат резултатите од анализите.