Никна нова населба во Скопје: Александрија ги доби првите жители


Новата населба Александрија во Општина Ѓорче Петров месецов ги доби своите први жители.

Населбата се простира на површина од 500.000 квадратни метри и ќе сместува околу 20.000 семејства. Досега изградени се првите четири згради, од кои една е вселива, а на другите три се работи и наскоро би биле вселиви.

Според проект-менаџерот на Александрија, Александар Стефанов, оваа населба е плод на долгогодишната работа во кој е вложено многу труд и активна работа.

– Ми претставува особено задоволство да соопштам дека Александрија во почетокот на новата година ги доби своите први жители. Честитки до новите станари, во име на целиот тим од Фабрика Карпош им посакуваме пријатно живеење и создавање на успешни приказни во своите нови домови – вели Стефанов.

Покрај изградбата на зградите, за потребите на новата населба се гради и патна инфраструктура, водоводна мрежа и електрични инсталации. Исто така во населбата е предвидено да има и градинка, голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, и многу други содржини неопходни за квалитетен живот на станарите.