Нивес Целзијус ја дигна температурата пред Светското првенство


Хрватската пејачка, актерка и писателка, Нивес Целзијус (37) ја подигна атмосферата пред почетокот на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Русија. Во провокативно и разголено издание, со популарните „коцкици“ на себе, им даде подршка на хрватските репрезентативци и им порача дека чека да ги види во финалето. Таа беше мажена со фудбалерот Дино Дрпиќ, со кого има две деца. Во минатото, а и во сегашноста, постојано ја поврзуваат со славни фудбалски имиња од светот.