Не, никој не знае како се пие вотка како Русите


„Некој во Бристол почна да прави вотка наречена Новичок“, вели за BBC Наташа Вард полурусинка, полубританка – „Веднаш ни рекоа да сопреме на една чашка“.
Иако односите меѓу Русија и Западот повторно заладиле, се чини дека вотката е нешто што вечно ќе ги спојува.
Русија пак, родното место на Дмитриј Менделеев кој го направи периодниот систем на елементи, а исто така постои популарен мит дека го усовршил и рецептот за вотка со 40 отсто алкохол.
Вотката би требало да биде студена, а задолжително мора да се испере со нешто солено, како `ржан леб.
„Тоа не е нешто што пиете и не уживате“, вели таа и додава дека најубаво е она што подоцна следи – ритуалот на мирисање на лебот.
Секој кој седел со Руси додека пијат вотка секогаш зачудено го гледал нивниот ритуал на испивање вотка и мирисање леб.
Наводно лебот го мирисаат за да се впие алкохолот и да се надокнади вкусот на вотката, а сол и кисели краставички се јадат за да се неутрализира краставицата.
Според Вард, ритуалот нема само медицинска намена, туку има и одредена друштвена функција. Имено, на тој начин покажувате дека не пиете вотка само за да се опиете.
Подеднакво е важно и зошто се пие вотка. Во Русија тоа е друштвена активност, не толку ни приватно задоволство. Грицките се тука за да се делат, а задолжително е и наздравувањето.
Во Грузија наздравувањето е толку разработена работа што постојат и такви кои се најдобри во тоа и дури и професионално го работат, па и заработуваат.
Јасно е дека Русите имаат длабока љубов кон вотката – името вотка потекнува од зборот „вода“, а вотка е деминутив што значи „малку вода“.
Но, постои и мрачна страна на конзумирањето вотка во Русија. Историски гледано алкохолизмот и тоа како е распространет во Русија затоа што вотката често знае да пружи бегство од тешкиот живот.
„Вотката во СССР беше ужасен проблем“, вели Вард и додава дека сите биле навикнати на тој начин на живот кој беше нормален.
Но, додава и дека не е до вотката туку до луѓето.
„Вотката е како ноќ. Не е ни добра, ни лоша. Со ноќ можеш да направиш се – да  сечеш месо, леб, да оперираш, но и да убиеш. Ножот не треба да се обвинува.  Истото важи и за вотката. Ако знаете да ја пиете, тогаш знаете и се е во ред“, заклучува Вард.