Нејмар сака да си замине од ПСЖ по секоја цена


Најскапиот фудбалер на Пари Сен Жермен, Нејмар де Силва не планира да остане во францускиот клуб и следната сезона.

Според шпанскиот весник „Марка“, Нејмар побарал средба со раководството на ПСЖ за можноста за негов трансфер, а наводно изјавил дека неговото доаѓање во францускиот клуб било грешка.

Иако претходно беше соопштено дека ПСЖ нема да го продаде Нејмар, сепак, шпанскиот весник тврди дека бразилскиот фудбалер планира да си замине од Париз по секоја цена.

Нејмар во ПСЖ дојде од Барселона за 222 милиони евра и го урна светскиот рекорд според висината на трансферот. Оваа сезона за францускиот клуб одигра 20 натпревари и постигна 19 голови.

Последниот дел од сезоната го пропушти поради повреда.

Шпанските медиуми објавија дека негова можна дестинација ќе биде Реал Мадрид.