Нејмар: Роналдо е фудбалска легенда и гениј


Ѕвездата на бразилската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Нејмар де Силва Сантос Јуниор, изјави дека се радува на доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус.

– Трансферот на Роналдо во Јувентус ќе го подобри италијанскиот фудбал. Кристијано е одличен играч, фудбалска легенда и гениј. Мораме да го почитуваме, истакна Нејмар.

Роналдо со Јувентус потпиша четиригодишен договор и ќе заработи околу 120 милиони евра, а воедно клубот од Торино за трансферот му исплати 112 милиони евра на Реал Мадрид.

Изминатиов период во медиумите чести беа гласините дека токму Нејмар ќе го замени Роналдо во Реал Мадрид, но бразилскиот фудбалер потврди дека нема намера да го напушти ПСЖ.