Нејмар разочаран: Ова ми е најтажниот момент во кариерата
Ѕвездата на Бразил, Нејмар напиша на својот профил во Инстаграм дека е многу разочаран што неговата репрезентација е елиминирана на Светското првенство во фудбал во Русија.
„Ова е најтажниот момент во мојата кариера. Болката е многу голема, бидејќи знаевме дека можеме да одиме подалеку и да напишеме историја. Но, не овој пат. Тешко ќе најдам сили повторно да играм фудбал. Но, уверен сум дека Бог ќе ми даде сила да се спротивставам на секоја пречка. Затоа никогаш нема да престанам да се заблагодарувам на Бога. Дури и по пораз. Зошто знам дека тој ги избира најдобрите патишта, напиша Нејмар.
Тој призна дека тешко ќе најде мотивација да продолжи да игра фудбал, но и дека се радува што е дел од овој тим и се гордее со сите свои соиграчи.
„Сонот не ни се оствари, но нема да се предадеме“, пишува Нејмар.