„Нешенел џиографик“: Научниците се уште немаат одговор што и се случи на Земјата на 11 ноември


Необичните сеизмички бранови забележани на 11 ноември, кои не беа почувствувани, ги збунија научниците.

Брановите, кои „Нешенел џиографик“ ги опиша како „мистериозен татнеж“, кој помина низ светот, прво се појавија во близина на францускиот остров Мајот, помеѓу Африка и северен Мадагаскар.

– Тие покренаа верижна реакција и ги активираа сензорите во Замбија, во Кенија и во Етиопија, за потоа да се прошират во Чиле, Нов Зеланд и Канада, па се до Хаваи, речиси 18.000 километри, наведува „Нешенел џиографик“.

Земјотресите произведуваат сеизмички бранови, кои се движат или по површината на Земјата или низ неа. Научниците се уште не се согласни од што беа предизвикани сеизмичките бранови на 11 ноември, а како можни причини се наведуваат нуклеарна проба, подморница или вулкан.

– Ништо слично немам видено. Сепак не мора да значи дека причината е толку чудна, изјави Јеран Екстрем, сеизмолог од Универзитетот Колумбија.

Малиот остров Мајот од мај досега беше погоден од низа земјотреси, од кои поголемиот број слаби. Најсилниот земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 8 мај. Но, откако се појави мистериозниот татнеж, намалени се земјотресите околу осторовот.

Екстрем, кој е експерт за необични земјотреси, истакна дека е многу нешта се чудни со феноменот на татнежот.

– Планетата ѕвонеше како ѕвоно, емитирајќи монотон сигнал со ниска фреквенција.

„Нешнел џиографик“ истакнува дека француските геолози се сомневаат дека во водите на Мајот анстанува нов вулкан. Тие мислат дека чудното „ѕвонење“ можеби е предизвикано од движењето на магмата 50 километри од брегот под длабоката вода.

Жан-Пол Ампуеро, сеизмолог од Универзитетот Азурен Брег наведе дека сеизмичките бранови се како „музички инструмент“, а тоновите зависат од големината на инструментот.