Неуспешен обид за киднапирање на Лана Дел Реј


Пред планираниот концерт на Лана Дел Реј во Орландо, полицијата добила дојава за лице кое сакало да ја киднапира познатата пејачка.

Станува збор за Мајкл Хант, кој при апсењето со себе носел карти за концертот и нож. Тој никогаш се немал запознаено со Лана, но не ја криел својата опсесија со неа, особено при објавување на статуси на својот Фејсбук профил, а во една од последните објави пред да биде приведен напишал: „Сакам да ја видам мојата кралица во петок и од тој ден нашите одлуки ќе бидат како една.“