Нетанјаху пред изборите си отвори своја телевизија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отвори својот телевизиски канал на Фејсбук за да ги заобиколи главните медиуми и да си обезбеди поволно известување пред претстојните предвремени избори.

Така, Ликуд ТВ ќе емитува вести секоја вечер во 19 часот по локално време до гласањето на 9 април, под слоганот „Го исфрламе лажното од вестите“.

Отворањето на каналот е координирано со објавувањето на видеото на Нетанјаху за кампањата минатиот викенд.

Израелските критичари веднаш ја истакнаа сличноста помеѓу кампањата на Нетанјаху и кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп.