Несторовски се сели во Бундес-лигата?


Илија Несторовски ја менува Италија за Германија. Така барем тврат германските медиуми, според кои, нов клуб на напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација ќе биде Ајнтрахт Франкфурт. Популарниот „Несто-гол“ моментно е повреден, а во изминатите две години за Палермо постигна 24 гола. Предходно беше член на Интер Запрешиќ, а од хрватската лига за половина милион евра премина во Италија. Досегашен тренер на Ајнтрахт беше Нико Ковач, но тој од идната сезона го презема Баерн Минхен.