Непал: Најмалку 50 жртви во авионската несреќа
Најмалку 50 лица загинаа кога авион на кoмпанијата „Ју-ес Бангла ерлајнс“ се урна при слетување на меѓународниот аеродром во Катманду, Непал.
На летот имало вкупно 67 патници и четворица членови на екипажот за кои се уште се чекаат информации. Според други медиуми, загинале 38 лица, а 23 се повредени.
Би-би-си пренесе дека „Катманду пост“ јавил оти авионот се урнал во источниот дел на пистата и оти од леталото се спасени 17 лица.
Прво беше јавено дека авионот, кој долетувал од Дака, при слетување излетал од пистата и се запалил.
Потоа некои светски медиуми, повикувајќи се на портпаролот на аеродромот јавија дека авионот не успеал да слета на пистата и оти се урнал на блисиот фудбалски терен.
„Њујорк Тајмс“ објави дека авионот се урнал на поле до аеродромот.
Спасувачката операција по евентуални преживеани се уште трае