(ВИДЕО) Сменето името на скопскиот аеродром
Владата на денешната седница одлучила да го промени името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.
Покрај името на аеродромот, ќе се менува и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“. Премиерот Зоран заев исто така објави дека позицијата на Владата е да се прифати географска одредница за името на Македонија.
Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос. Веста премиерот ја соопшти на прес конференцијата со амбасадорот Самјуел Жбогар.
Со одлуката која што ја донела Владата на денешната седница, рече премиерот Заев, се потврдува исчекорот за градење пријателство и доверба со Грциja.