Нема налепници за регистрација, возачите лути


Возачите се гневни откако во последните неколку денови при регистрацијата на возилата не можат да ги добијат налепниците за оваа година и затоа се принудени да не ги возат своите воизла. Според јавувањата на повеќемина наши читатели, тие во текот на вчерашниот ден во неколку центри за регистрација не успеале да добијат напелници затоа што ги немало. Некои од нив поминале и неколку станици за технички преглед, но не ги нашле. Во меѓувреме, ги завршиле техничките прегледи.

„Во центрите ни беше соопштено дека не можеме да ги управуваме возилата без налепници, затоа што ќе нѐ казнат“, тврдат граѓаните.

Такви случаи имало во станицата на Здружението на возачи во Кисела Вода, Драчево и кај Зајчев Рид.

Од Министерството за внатрешни работи тврат дека налепници има во сите станици и потсетуваат оти со новиот закон во иднина нема да се користат налепници како доказ оти возилото е техничко исправно.