Недостига кадар од културата на локално ниво


Просецот за децентрализација на културата односно преземањето на националните установи под локалните самоуправи е во тек. Ова беше и меѓу приоритети на Стратегијата за развој на културата за периотот од 2018 до 2022 година. Ова е комплексен процес, бидејќи потребно е да се создадат можности секоја општина да може да управува со културна институција.
Министерот за култура Асаф Адеми на националната конференција „Децентрализација: Патот што претстои“ што се одржа во организација на ЗЕЛС и со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, ги посочи предизвиците со кои ќе треба да се соочуваат при овој процес. Адеми истакна дека голема е неизвесноста од децентрализација на културата, затоа во Предлог-буџетот за 2019 година на ова министерство предвидени се 125 милиони денари за капиталцни дотации за единиците на локалната самоуправа. Овие пари се за 12 пати повеќе од предвидените 10 милиони денари кои беа за истата намена за 2018 година. За децентрализацијата на култура се формираше и работна група која ги нотираше состојбите на терен.
„Анализата потврди дека недостигот на финансиски средства, недостигот на стручен и административен кадар, како и нефункционалните објекти, се генерални предизвици со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа. За надминување на овие проблеми, потребен е координиран пристап кој би се движел во насока на: зголемување на блок-дотациите; обезбедување средства за одржување на објектите; одобрување на барањата за нови вработувања, како и побрз процес на добивање согласности за нови вработувања од Министерството за финансии; обезбедување дополнителни средства и капитални дотации во културата и друго“, рече Адеми.